Редакцијата на порталот од денеска ја започнува и новата наградна игра преку која на своите читатели им дели чадори со логото на телевзијата во замена за нивните најдобри фотки со есенски мотиви
ТВ Сител од денеска има нов редизајниран веб сајт. Новото решение не се разликува многу од претходното, а од телевизијата велат дека на ваков чекор се одлучиле за да го направат полесно користењето на порталот кој само во последниот месец бележи раст на популарноста од над 20%.
Нови елементи на веб сајтот представуваат спортските резултати во живо, временската прогноза, курсната листа, како и поддомеините за секоја рубрика.
Редакцијата на порталот од денеска ја започнува и новата наградна игра преку која на своите читатели им дели чадори со логото на телевзијата во замена за нивните најдобри фотки со есенски мотиви. За што станува збор проверете на www.sitel.com.mk