Мегакорпорацијата Google ќе ја донесе функцијата Street View на "паметните телефони" преку мобилната верзија на веб страната http://maps.google.com . Оваа функција ви овозможува да прошетате низ улиците на градови низ целата планета, односно скоро цела Северна Америка, делови од Јужна Америка, голем дел од Европа, Австралија, Тајланд, Јапан, Јужна Кореа и други разни делови од светот, се од мапите на Google. Функцијата ќе биде достапна на "паметните телефони" во следните две недели.
Најновата вест за таа опција е додавањето на подводни панорама слики, односно прошетка под вода. Приватно финансирана фирма ќе додаде над 50,000 подводни панорамски слики на Google Maps. Ќе можете да го видите подморскиот живот во најегзотичните води на светот. Сега и вие можете да бидете следниот виртуелен Жак Кусто и да пливате со желките, ајкулите и разновидните риби на Австралија, Филипинити и Хаваи. Сеуште не е завршен проектот, но веќе постојат некои делови каде што можете да уживате во мирниот свет на рибите.