Утринава по кусо боледување, почина македонскиот Диџеј Љупчо Петрeски - Бабура. Ти беше еден од најекспонираните и најпознати македонски диџеи.
Познатиот Бабура, настапуваше со сите светски диџеи кои гостуваа во земјава, а со него израснаа повеќе генерации во клубовите низ Скопје и низ земјава.
Бабура почна во Уно, Мега, Антена 5 а беше и косопственик во Сити Радио, и беше инспирација на многу познати светски ДЈ-и и продуценти.
Оние кои растеа во 70-тите, 80-тите и 90-тите години го знаеја од познатите клубови и дискотеки во Скопје и Македонија, како Хард Рок, Мусандра-Метропол, МНТ, тогашна Опера, Текила Хаус и Колосеум.
Пред повеќе од една година, ДЈ Бабура и неговата сопруга станаа родители на две момчиња, близначињата Јаков и Јаким.