Валентина Тасева во „На Каде Одиме?“ - Преку образованието можеме да ја смениме иднината

Во новата епизода на поткастот „На Каде Одиме“, зборуваме со Валентина Тасева – CEO и сопственичка на Semos Education, визионерка со децении искуство во неформалното образование. 

Разговараме за сè поголемото значење на неформалното образование во современиот свет, за зошто младите сè повеќе се насочуваат кон области како анализа на податоци и дигитален маркетинг, и како желбата да се направи промена често стои во коренот на секоја инспиративна приказна.

Валентина несебично споделува практични совети за личен и професионален развој, како и начини како преку континуирано учење, љубопитност и упорност, секој може да изгради кариера што има значење.

Оваа епизода е вредна за сите кои се стремат кон раст, промена и влијание – без разлика дали се на почетокот од својата кариера или веќе се на лидерски позиции.

Не пропуштајте – на YouTube и Spotify каналите на KARIERA.mk

Ана Секуловска на „На Каде Одиме?“ - Во Македонија има интерес за претприемништво

Во претприемачкиот свет, идејата е само почеток – вистинскиот успех доаѓа со заедницата, менторството и правилните можности. Токму за ова зборуваме во најновата епизода на поткастот „На Каде Одиме“ со нашата гостинка Ана Секуловска, програмски директор во StartUp Club Skopje.

Ана е личност која стои зад многу иницијативи што ги поврзуваат младите претприемачи со ресурсите и поддршката што им е потребна. Како долгогодишен модератор на настани, поткаст водителка и активен член на стартап заедницата, таа има увид во тоа што значи да се започне бизнис во Македонија, со какви предизвици се соочуваат основачите и како можат да ги надминат.

Во оваа епизода зборуваме за стартап културата кај нас, важноста на вмрежувањето, менторството и волонтирањето, како и за улогата на инкубаторските програми во развојот на нови идеи. Доколку сте размислувале за сопствен бизнис или ве интересира што ја движи претприемачката сцена во регионот, оваа епизода е вистинското место за инспирација и практични совети.

📅 Епизодата е достапна на YouTube и Spotify каналите на KARIERA.mk! 🎥🎧

🎧 Слушајте, инспирирајте се и размислете – на каде одиме? 🔎

Видео: Е ова ти се вика „неразбрано“ суштество

Додека девојката се обидуваше да му објасни дека тоа е нејзината камера, но тој не сакаше ни да слушне, па продолжи да удира по неа и да повторува еден збор : “Really?!”

Видео кое дефинитивно ќе ви го разубави денот:

Популарно