Креаторот Александар Малешев, дизајнирал модел на автомобил кој нуди оригинален 'одговор' на Smartоt - најмалиот градски автомобил. Земајќи ги во предвид фактот, дека најголемите градови во Русија стануваат се потесни во однос на паркингот, сосема логично дека вакво генијално решение доаѓа од таму.
Името на овој модел е Mirrow Provocator.
Концептот на Mirrow Provocator е оригинален и многу практичен. Тој се карактеризира со четири врати, кои се подигаат, што го олеснува влезот во мал паркинг простор. На задниот дел, се наоѓа петта голема задната врата. Mirrow Provocateur е долг помалку од 3 метри, широк се скоро 2 метри, а висок повеќе од 2 метри. Задните врати имаат простор од 1,7 метри и висина од 60 сантиметри.
Овој "малечок" е 50 посто направен од рециклирана пластика. Внатрешноста е дизајнирана според модел на авион. Четирите одделни седишта се многу удобни а кокпитот е многу едноставен и со футуристички дизајн. Погонот му е мал три-цилиндричен бензински и дизел мотор, но и електро-верзијата е сосема реална со автономија од 400 километри.
На крајот, и она што е најинтересно, е дека првичната верзија на овој автомобил нема да биде поскапа од 3500 евра, што предизвикува неверување. Сепак, ако се земат во предвид глобалните промени во автомобилската индустрија, постои можност дека и автомобилските монополи ќе станат дел од минатото.