Потресно сведочење на мајката на скопјанката која се самоуби: Ќерка ми ја силуваше таксист!

Мајката на 21-годишната Стефани која вчера се фрли од кров на зграда во скопски Аеродром низ солзи открива зошто ќерка и утрото се решила на тој кобен чекор.

aleksa 2

-Таа доби работа на брод и требаше да замине во Америка на 9 април.

Вчера се случи нешто трагично за неа, кое, ете не можеше да успее да го надмине и да продолжи да живее. Ноќеска ја силувал таксист кој требало да ја донесе дома.

Слушнав како вреска се стрчав и ја најдов распарталена и избезумена. Ми кажа дека таксистот ја силувал.

Веднаш пријавивме на полиција и истрагата е во тек. Знаев дека за моето дете тоа е ужас но не помислив дека ќе се реши да си го одземе животот. Утрото, ете, без да забележам се реши на најстрашното – вели мајката на 20-годишната Стефани.

aleksa

Рече дека сака да се објави ова да слушне јавноста зошто нејзиното прекрасно девојче решило да замине од овој свет и како што рече какви монстуими живеат меѓу нас.

Телото на Стефани е на обдукција, а идентитетот на таксистот силувач, според мајката, и е познат на полицијата.

Коментари

Популарно