Потресно сведочење на мајката на скопјанката која се самоуби: Ќерка ми ја силуваше таксист!

Мајката на 21-годишната Стефани која вчера се фрли од кров на зграда во скопски Аеродром низ солзи открива зошто ќерка и утрото се решила на тој кобен чекор.

aleksa 2

-Таа доби работа на брод и требаше да замине во Америка на 9 април.

Вчера се случи нешто трагично за неа, кое, ете не можеше да успее да го надмине и да продолжи да живее. Ноќеска ја силувал таксист кој требало да ја донесе дома.

Слушнав како вреска се стрчав и ја најдов распарталена и избезумена. Ми кажа дека таксистот ја силувал.

Веднаш пријавивме на полиција и истрагата е во тек. Знаев дека за моето дете тоа е ужас но не помислив дека ќе се реши да си го одземе животот. Утрото, ете, без да забележам се реши на најстрашното – вели мајката на 20-годишната Стефани.

aleksa

Рече дека сака да се објави ова да слушне јавноста зошто нејзиното прекрасно девојче решило да замине од овој свет и како што рече какви монстуими живеат меѓу нас.

Телото на Стефани е на обдукција, а идентитетот на таксистот силувач, според мајката, и е познат на полицијата.

ВИДЕО: Чудовиште кое живеело во канализација им влегло дома преку шољата

Чудовиште долго два метра искочило од веце шољата во домот на 25 годишниот Зула Ханифа во Малезија.

Зула, кој го снимил и објавил ова видео вели дека во купатилото немало никаде пукнатина, па единствено од каде можело да се појави е канализацијата. Да биде уште почудно, тој не е сигурен дали ова е змија или не. Сепак го уловил и го пуштил во најблиското мочуриште.

Внимавајте овие апарати за домаќинство трошат многу струја

Се проценува дека оние кои поседуваат нови апарати за домаќинство трошат дури 50 отсто помалку струја. При купувањето уред не треба да се води сметка само за цената, бидејќи поскапите во повеќето случаи се поефикасни од поевтините.

Фрижидерите и замрзнувачите се големи „јадачи“ на енергија. Кога купувате, треба да обрнете внимание на неколку фактори: големина, карактеристики и ефективност. Има посебен акцент на големината. Поголемите фрижидери исто така трошат повеќе. Проценетата големина на фрижидерот за едночлено домаќинство е 100-140 литри простор, а за четиричлено домаќинство може да се користат 50 литри по лице од истиот простор. Оптималната температура на фрижидерот е седум степени. На таа температура, храната ќе биде доволно изладена, а потрошувачката на енергија ќе биде помала отколку на пониски температури.

Вториот најголем потрошувач на енергија е машината за перење. Корисен совет е да барате машини кои имаат можност за прилагодување на потрошувачката на вода, бидејќи тие исто така штедат електрична енергија. Подобро е да се избегнува миење на високи температури. На пример, миењето на 95 степени е непотребно. Денешните детергенти за перење ги отстрануваат дамките на температури од 30 или 40 степени, а само за екстремно валкани алишта можете да ја поставите машината на максимални 60 степени. Намалувањето на температурата при перење алишта ја намалува и потрошувачката на струја за една третина.

Машината за сушење алишта е уште еден уред кој троши големи количини на енергија. Се препорачува алиштата да се исушат природно. Ако тоа не е можно, треба да обрнете внимание на неколку работи. На пример, потрошувачката на енергија е помала кога се сушат алиштата со 1200-1400 вртежи во минута. Ако купувате машина за сушење, размислете да купите машина со сензор за влажност. Имено, тој тип на машина за сушење автоматски се исклучува откако ќе се достигне одредено ниво на сувост на алиштата.

За машината за миење садови важат истите правила како и за алиштата – пониска температура, помала потрошувачка. Оптималната температура за миење садови е 50 степени.

Шпоретите на плин се сметаат за најдобар уред за потрошувачка на електрична енергија бидејќи трошат дури 30 проценти помалку енергија од конвенционалните. Ако ја додадете употребата на шпорет под притисок, потрошувачката на електрична енергија е 60 проценти помала во споредба со стандардните тави.

Лаптопот троши помалку електрична енергија од класичниот компјутер.

Компјутерите се следниот голем потрошувач на електрична енергија. Ако сакате да купите компјутер, размислете за лаптоп, бидејќи троши помалку енергија од класичен компјутер.

Дневен хороскоп

OВЕН

Позитивниот тренд во професионалната сфера ќе создаде поволни можности за воспоставување на вашиот авторитет и издигнување во хиерархијата. Вашите аргументи ќе ги изнесувате аргументирано и смирено, како единствен правилен начин на постапување во вакви ситуации. За себеси пронајдете соодветен начин за ослободување од стресот.

БИК

Ќе ја следите сопствената програма, избегнувајќи ги можните потешкотии колку што можете повеќе. Дополнително, ќе поттикнете соработка со луѓе чии професионални и лични квалитети ве привлекуваат. Со некои од нив ќе создадете долготрајно пријателство и ќе добиете импулс за нови идеи.

БЛИЗНАЦИ

Денеска тешко дека ќе останете долго на едно место. Зафатени сте со задачи поврзани со претстојното патување. Обидете се да избегнете конфликтна ситуација поврзана со вашиот интимен партнер. Општествен настан ќе ве збогати со корисни информации што ве интересираат. Можеби наскоро ќе го проширите бизнисот.

РАК

Покажете повеќе желба за активен одмор. Можете да си дозволите да патувате комбинирајќи го со спорт, прошетки и задоволства. Ќе се одморите и ќе се растоварите. Воздржете се од непотребни трошоци и не претерувајте со алкохолот.

ЛАВ

Тактично ќе ги насочите вашите противници во насока на вашите сопствени идеи и ќе ги претворите во поддржувачи на вашата кауза. Да се надеваме дека тоа е од интерес за повеќе луѓе, во спротивно ќе зажалите. Вие од ваша страна не треба да се впуштате во конфликти, да бидете отворени и приемчиви за нови работи во животот. Односот со партнерот ви се стабилизира.

ДЕВИЦА

Денешниот ден најмногу ќе помине под знакот на чувствата. Претставник на спротивниот пол, кој долго ве возбудува, ќе направи нешто конкретно. Најдобро ќе направите ако се однесувате природно и не споделувате работи што не ги мислите. Вечерта сте опкружени со пријатели, меѓу кои навистина ќе се забавувате.

ВАГА

Денеска целата енергија ќе треба да ја насочите во работите со кои ќе се занимавате. Успехот го заслужува вложениот труд. Ако успеете да заинтригирате уште повисоки – тогаш вашиот триумф ќе биде целосен. Вашите лични односи може да останат во заден план, но обидете се да го направите тоа привремена состојба.

ШКОРПИЈА

Способни сте да ги насочите настаните во насока во којашто сакате и тоа е факт. Верувајте им на своите вештини, не злоупотребувајќи ги, туку користејќи ги во хуманитарни цели. Доколку некој од вас е незадоволен, побарајте ги причините за непријатностите во вашиот живот. Можеби има нешто да се промени во себеси за да ги направат нивните позиции профитабилни.

СТРЕЛЕЦ

Вашите работни и лични контакти треба да се обноват, затоа одете нешто подалеку од вооичаеното. Пријатно ќе ги изненадите оние околу вас доколку се покажете дека сте поотворени во комуникацијата и не брзате да го дадете вашето мислење пред да биде побарано. Бидете отворени.

ЈАРЕЦ

Дури и доколку мислите дека имате многу незавршени работи, сега е време да си дадете малку одмор. Со вашата шармантна насмевка и интелигенција лесно ќе создадете корисни контакти. Искористете ги предностите. Можеби вашата подобра иднина зависи од тоа. Посветете дел од вашето време на културни настани за да ја израдувате вашата сакана личност.

ВОДОЛИЈА

Полни сте со намера да постигнете сѐ што е на вашата агенда за денеска. Во овој поглед, ќе ја покажете цврстината на вашиот карактер и волјата да ги согледате работите. Ги развивте вашите сетила и знаете како да ги слушате, а вашите резултати елоквентно зборуваат за тоа.

РИБИ

Амбициозни сте да постигнете нешто брзо и ќе ја вложите целата своја енергија во тоа. Размислете добро и одберете го вистинскиот момент за да не се ставате во деликатна позиција. Хармоничните семејни односи ви се важни на сите, тие го одржуваат духот и ве поттикнуваат да се претставите подобро пред светот.

Популарно