Се јави и дечкото на мајката на Стефани: Јас го работам профилот на Фејсбук

Трагичниот случај во Аеродром постојано добива нови информации, а со тоа и заклучоци за тоа што се случило. Смртта на младата Стефани од Аеродром крена многу прашина, особено по изјавата на нејзината мајка, сопственичка на спа центар во Стар Аеродром, дека Стефани се самоубила по траумите што ги добила по наводно силување од страна на таксист. МВР демантира дека имало пријава за силување во последните 48 часа, што дополнително ја вжешти целата ситуација.

aleksa-640x640

Во меѓувреме, на профилот на мајката на Стефани, Александра, постојано се постираат фотографии и други содржини од несреќната девојка, што ги налути корисниците на социјалните мрежи. Осудите насочени кон наводниот таксист се завртеа кон мајката - сите се прашуваат каква е таа мајка што веднаш по смртта на детето не престанува да комуницира на ФБ.

Прашината се обиде да ја спушти дечкото на мајката, кој на својот профил објави дека тој го менаџира профилот на несреќната мајка, а Александра е на инфузија.

decko

Коментари

Популарно