Некогаш и сега: Вакви наслови имаат македонските народни приказни денеска

Генерации и генерации Македонци израснаа со Македонските народни приказни. Популарноста ја достигнаа во деведесетите години благодарение на одличната идеја и порака која ја носеа со себе, а сето тоа во една волшебна реализација автентична за едно бајковито минато време. Многу животни вистини и суштински работи беа кажани на едноставен и разбирлив начин за гледачите.

gjorgji-i-shenka_n

Токму тие приказни ги прославија Ѓорги Колозов, Шенка Колозова, Ванчо, Гоце, Васил Шишков, Киселичка, Изабела Новотни, Дади, Димче Мешковски, Анче Џамбазов и ред други.

Во 2008 година, А1 телевизија реши да ги оживеа старите народни приказни, правејќи нови народни приказни во ново руво и со нова актерска постава. По неа, и останатите телевизии како Сител, Канал 5 и регионалните телевизии продолжија со снимање на народни приказни, кои никогаш не ја достигнаа славата на оние старите. Многумина и ги критикуваа поради нелогичности во сценаријата, продукцијата и автентичноста.

Па така, ако пред многу години ги гледавме Бабата и екимот, За доброто добро, за лошото лошо, Магепсаното момче, Човекот што отиде кај сонцето... денес на Канал 5 ќе ја гледате "Прдливата мома".

prdlivatamoma

Коментари

Популарно