Некогаш и сега: Вакви наслови имаат македонските народни приказни денеска

Генерации и генерации Македонци израснаа со Македонските народни приказни. Популарноста ја достигнаа во деведесетите години благодарение на одличната идеја и порака која ја носеа со себе, а сето тоа во една волшебна реализација автентична за едно бајковито минато време. Многу животни вистини и суштински работи беа кажани на едноставен и разбирлив начин за гледачите.

gjorgji-i-shenka_n

Токму тие приказни ги прославија Ѓорги Колозов, Шенка Колозова, Ванчо, Гоце, Васил Шишков, Киселичка, Изабела Новотни, Дади, Димче Мешковски, Анче Џамбазов и ред други.

Во 2008 година, А1 телевизија реши да ги оживеа старите народни приказни, правејќи нови народни приказни во ново руво и со нова актерска постава. По неа, и останатите телевизии како Сител, Канал 5 и регионалните телевизии продолжија со снимање на народни приказни, кои никогаш не ја достигнаа славата на оние старите. Многумина и ги критикуваа поради нелогичности во сценаријата, продукцијата и автентичноста.

Па така, ако пред многу години ги гледавме Бабата и екимот, За доброто добро, за лошото лошо, Магепсаното момче, Човекот што отиде кај сонцето... денес на Канал 5 ќе ја гледате "Прдливата мома".

prdlivatamoma

Видео: Лејди Гага потврди дека ќе глуми во новото продолжение на „Џокер“

Поп ѕвездата и актерка Лејди Гага ја потврди улогата во претстојното продолжение на психолошкиот трилер Џокер со музичка објава на Твитер.

Музичкото видео прикажува силуети кои танцуваат заедно на песната Cheek to Cheek, оригинално напишана од Ирвинг Берлин во 1935 година за филмот Top Hat со Фред Астер и Џинџер Роџерс во главните улоги, со имињата Феникс и Гага низ екранот.

„Хоакин Феникс ќе се врати да го игра насловниот лик, а Joker: Folie a Deux ќе пристигне во кината на 4 октомври 2024 година.

Феникс првпат играше улога во филмот Џокер во 2019 година, за што доби Оскар за најдобар актер, олицетворувајќи го ликот на најголемиот непријател на Бетмен.

Ворнер Брос, сепак, не објави никакви детали за продолжението на Џокер. Но, холивудскиот весник Variety објави дека новата продукција ќе биде мјузикл и дека Лејди Гага се очекува да ја игра улогата на Харли Квин.

Доколку биде потврдено, Лејди Гага ќе биде последната во низата актерки која ќе го игра или ќе му позајми глас на иконскиот лик Харли Квин. Неодамна, Маргот Роби ја играше улогата на криминалната кралица на Готам Сити во филмот Birds of Prey и на познатата Харли Квин во филмот Squad of the Unwritten: New Mission следната година.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Не е јасно дали Роби ќе продолжи како Харли Квин. Сепак, филмовите за Џокер во кои глуми Феникс се во различни филмски галаксии, што би можело да значи дека Роби сепак би можела да ја повтори нејзината улога како иконски негативец во сите идни филмови.

Folie à deux е редок психијатриски синдром познат како заедничка психоза, можеби алузија на традиционалната козависна врска помеѓу Џокер и Харли Квин.

„Сивиот човек“ најгледан филм на „Нетфликс“

Акциониот трилер The Gray Man („Сивиот човек“), најскапиот филм на „Нетфликс“ досега, бележи голема гледаност во светски рамки и покрај неповолните рецензии.

Овој филм е најгледаната содржина на стриминг-платформата оваа недела. Претплатниците на стримерот поминале 88,5 милиони часови гледајќи го.

Успехот на филмот веројатно ги изненадува критичарите кои напишаа неповолни рецензии. Иако беа вложени многу пари и во него глумат неколку ѕвезди, „Сивиот човек“ беше оценет како фијаско од страна на критичарите.

„Овој трилер го направиле луѓе кои знаат што е добар трилер, ама не знаат како сами да го направат“, напиша критичарот на „Глоуб енд мејл“, Бери Херц.

И покрај тоа што критичарите немаат баш добро мислење за филмот, гледачите се воодушевени од него и толку многу им се допадна што бараат што побрзо да се сними продолжение.

Феноменот веќе доби официјално име „Ефектот Еванс“ и соодветен хаштаг на Твитер #TrashStache, како што ги нарекува Гослинг во филмот.

ФОТО: Вака денеска изгледа Касандра на 49 години

Кораима Торес е венецуелска глумица. Родена е на 6 јуни 1973 година во Валенсија. Нејзините први улоги ѝ биле во теленовелите "Гарденија" и "Алондра". Првата главна улога ја добила во 1992 година во теленовелата "Касандра", што е прикажувана во повеќе од 100 земји. После тоа отиде во Колумбија, каде ја добила главната улога во теленовелата "Соништа и огледала". Нејзин партнер во таа сапуница е колумбискиот глумец Николас Монтеро. Се заљубиле и се зеле во 1996 године.

Кораима исто така играла во мини-серијата "Близнаци" и во сапуницата "Cambio de piel". После оваа сапуница, работела во Перу и Аргентина, каде играла во 3 серии: "Марија Емилија", "Латинска љубов" и "Соледад". Нејзина последна теленовела е "Amor del bueno" и "Лорена". После големиот успех на серијата Касандра, Кораима Торес со партнерот во серијата ја посетија и Македонија.

Таа денеска има 49 години и покажа како изгледа во петтата деценија од животот. Кораима е мажена и има две деца и живее во Богота, Колумбија.

Популарно