Американката Синтија Чебак (65) го убила својот зет во февруари 2014 година. Во рамките на истрагата во врска со нејзиниот случај, неодамна на поротниците во Калифорнија инспекторите им прикажаа снимка на која се гледа како жената го прославува убиството со цел да се докаже дека таа не се кае поради извршеното злосторство.

Таа на распитот во полиција признала дека убиството го планирала две недели. На денот на убиството, Синтија и нејзиниот зет влегле во жестока расправија.
„Се облеков и требаше да излезам надвор, а тој ми рече дека не можам да ја напуштам куќата со таков изглед“, им рекла жената на инспекторите.
Сето ова ескалирало во поголема расправија, по што Синтија десет пати го застрелала својот зет и најмалку два пати го наполнила оружјето. Повредениот човек се обидел да се скрие во куќата и ја заклучил вратата, но неговата тешта продолжила да пука во вратата.
Откако ја обила влезната врата, влегла во куќата и застанала над зетот кој умирал.
За време на распитот жената истакнала дека зетот долго време ги малтретирал и злоупотребувал и неа и нејзиното семејство.
- Едноставно, беше злобен кон мене и кон сите останати. Сите се плашевме од него, особено мојата ќерка - истакнала Синтија.
Нејзината прослава во видеото ќе ја видите од 1,43 минута, па натаму.