ФОТО: Како денеска изгледаат ѕвездите од „Бољи живот“?

Повторната средба на оригиналната актерска постава од некогаш мегапопуларната серија "Подобар живот", предизвикала лавина спомени и поттикнала многу сеќавања. Актерите се собрале за да позираат за насловната на 600. издание на српското списание "Story".

"Како да беше вчера", коментирал 70-годишниот Марко Николиќ, кој во серијата го глумел Драгиша Попадиќ или "Гига Моравац", татко на три деца и глава на петочлено семејство.

Маки му задавале синовите Александар Саша (Бориз Комнениќ) и Слободан Бобо (Драган Бјелогрлиќ) и ќерката Виолета (Лидија Вукучивиќ).

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija) on

69-годишната Светлана Бојковиќ, која во серијата била Емилија, била воодушевена од повторната средба. "Тоа не беше само серија. Тоа беше период во кој сите некако весело и убаво живеевме. Таа серија е создавана во прекрасна атмосфера. Многу ми е мило што по толку години повторно сите се собравме на фотографирањето на семејството Попадиќ", рекла Светлана.

Најголема слава по серијата остварил Бјелогрлиќ, кој станал главен српски актер, продуцент и режисер. Лидија Вукичевиќ се омажила и развела од фудбалерот Митар Мркела, а била и активен член на Српската радикална партија на Војислав Шешељ.

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija) on

Коментари

Популарно