Според статистичката евиденција што се води во Националното биро, годишно во земјава се продаваат од 120.000 до 130.000 зелени карти . Зелената карта во Македонија се наплаќа дополнително 60 и 90 евра, во зависност од возилото, само доколку возачот го вози надвор од земјава. Во другите земји, со мали исклучоци, зелената карта е додадена во полисата за осигурување без разлика дали возилото излегува од земјата или не.

Земјава е меѓу ретките земји во Европа која плаќа висока цена за осигурување од авто-одговорност.
– Зошто Р. Македонија не е потписничка на мултилатералната спогодба (multilateral agreement)?
– Кога ќе се укине и кај нас зелената карта?
За патување со автомобил на српските возачи веќе не им е потребен зелениот картон за влез во 28-те државите на Европската унија ниту пак за, Швајцарија, Норвешка, Исланд и Андора. Единствено овој документ им треба за Македонија и Босна.
Од државите во регионот зелен картон им е потребен за влез во Македонија и Босна, бидејќи овие држави не се потписнички на Мултилатералната спогодба. Имено, веќе од 01. 01. 2012 година Србија е членка на Мултилатералната спогодба по која за патување со автомобил во наведените земји е доволно да се поседува регистарска ознака, односно налепница.
За влез во Црна Гора на Србите исто така не им е потребен зелен картон со кој се регулира осигурување на возилото, бидејќи Здружението за осигурување на Србија и Националното биро за осигурување на Црна Гора имаат потпишано посебна спогодба со која е прифатен принципот на регистарска ознака. Од 01. 01. 2012 година Србија и уште 33 земји пристапија кон Потсистемот на регистарски ознаки, – спогодба која важи за сите земји на Европската унија, освен за Русија.
Со оваа Одлука Србите, кои во летниот период најчесто патуваат за Грција, доколку одат преку Македонија, ќе мора да платат за зелен картон 2000 динари или околу 18 евра, со тоа што картонот важи за цела година (додека за државјаните на Македонија чини 90 евра, како е можно ова?).

Неопходноста од поседување на Меѓународна карта за осигурување – ткн. „ЗЕЛЕНА КАРТА“ останува во сила за возила кои се наоѓаат на територија во следните земји:
• Русија, Белорусија, Украина, Молдавија, МАКЕДОНИЈА, Мароко, АЛБАНИЈА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, Тунис, Турција, Израел и Иран.