Петар Богоевски разрешен од позицијата заменик на генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ

На социјалната мрежа фејсбук, веднаш по завршувањето на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, партиски членови пласираа информација дека доставен е предлог до централниот комитет за разрешување на еден од најгласните реформатори Петар Богојески.

На новинарско прашање пак, дали извршниот комитет дискутирал и донел одлуки околу разрешувања на некои членови и зошто не е присутен Митко Јанчев, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски истакна дека тоа е работа на централниот комитет на партијата, а дека лично разговарал со потпретседателот Митко Јанчев и дека тој не бил присутен на состанокот поради болест/настинка.

Коментари

Популарно