Работни позиции кои им недостигаат на Германците

По германските сајтови може да се забележат многу работи, кои се нудат на цело работно време.

Понудените работи најмногу ги има во Белрин. Двојно помалку се нуди во Минхен и Хамбург. А, потражувачка од 10.000 работни места има во Келн, Штутгарт и Дизелдорф.

На еден од германските сајтови се појавува најголема потреба од продавачи. Па над 4.000 работодавачи нудат работа во своите трговски објекти. А, платата се движи околу 1.700-1.800 евра.

Меѓу најбараните работи се и возач и виљушкарист, кои добиваат во просек по 14 евра по час. Се бараат и автомеханичари, кои добиваат по 16 евра час на некои места.

Германците бараат и заварувачи и вулканизери, а платата се движи 1.800 евра. Голема потреба е и за работници во производство, а се добива плата од 10 до 16 евра по час.

Коментари

Популарно