Бомбите „ги собирале“ само тројца

Објавени се дел од незаконски сниманите разговори но, објавена и комуникацијата на поранешниот шеф на разузнавачите Верушевски во која тој за своите услуги бара надомест, финсиски. Неговите соработници кои вршеле неовластено снимање на туѓи телефонски разговори, што го потврдија и пред судот дали како обвинети но и како сведоци, сега јавно тврдат дека сето тоа би го правеле - бесплатно.

Доказите за нелегалното прислушување во УБК, ги собиравме јас, Ѓорѓи Лазаревски и Зоран Верушевски и никој друг. Вака го зврши своето сведочење сведокот Звонко Костовски, на денешното судско рочиште за „Таргет и Тврдина“’

-Никој не ни плаќал, туку ова го правевме да собереме докази за она што се случувало од 2008 до 2013 година, во МВР, односно за нелегалното следење на комуникациите, рече Костовски.

Тој денеска во судница откри нови детали за прислушувањето, односно дека се прислушувало и од компјутер кој бил во стан, во зграда кај Железничка, односно надвор од УБК. Исто така посочи и дека премиерот Зоран Заев бил прислушуван под псевдонимот Зо За.

На наредното рочиште обвинетиот Сашо Мијалков вкрстено ќе го испрашува Костовски.

Коментари

Популарно