Бомбите „ги собирале“ само тројца

Објавени се дел од незаконски сниманите разговори но, објавена и комуникацијата на поранешниот шеф на разузнавачите Верушевски во која тој за своите услуги бара надомест, финсиски. Неговите соработници кои вршеле неовластено снимање на туѓи телефонски разговори, што го потврдија и пред судот дали како обвинети но и како сведоци, сега јавно тврдат дека сето тоа би го правеле - бесплатно.

Доказите за нелегалното прислушување во УБК, ги собиравме јас, Ѓорѓи Лазаревски и Зоран Верушевски и никој друг. Вака го зврши своето сведочење сведокот Звонко Костовски, на денешното судско рочиште за „Таргет и Тврдина“’

-Никој не ни плаќал, туку ова го правевме да собереме докази за она што се случувало од 2008 до 2013 година, во МВР, односно за нелегалното следење на комуникациите, рече Костовски.

Тој денеска во судница откри нови детали за прислушувањето, односно дека се прислушувало и од компјутер кој бил во стан, во зграда кај Железничка, односно надвор од УБК. Исто така посочи и дека премиерот Зоран Заев бил прислушуван под псевдонимот Зо За.

На наредното рочиште обвинетиот Сашо Мијалков вкрстено ќе го испрашува Костовски.

Наша сограѓанка предупредува

Наша сограѓанка на својот ФБ профил сподели како што   таа наведува поприлично језива случка. 

„Се надевам стравот и сомнежот ми се неосновани и дека погрешно претпоставувам, ама ќе го пишам ова јавно, макар и ризикувала, будала да испаднам.

Имам доста луѓе на профилов, не е на одмет да прочитаат сите, внимателност малку повеќе не е на одмет никогаш. Јас поприлично се исплашив.

Се враќам од работа, сега пред отприлика половина час, дежурната 41 во 1:45 ја пресретнувам на цементара. Бидејќи стигнав доста пред време, имам отприлика некои 15-20 минути за чекање.

На станицата немаше никој кога стигнав, меѓутоа после неколку минути, од правецот на Лисиче, доаѓаат момче и девојче на возраст од 20-тина години, застануваат на некој метар два од мене и они да чекаат автобус.

Поминуваат неколку минути и праткично буквално пред нив застанува опел караван, некое постаро годиште, темна бојна, веројатно некоја темна сива, во него седат маж и жена на отплирика околу 50 години.

Се обратија на децава со покана да ги префрлат до некаде. На прашање кај одат, девојчето одговори дека одат накај Драчево, ама ќе си го почекаат автобусот. Почнаа да инсистираат да појдат со нив, дека секако одат натака, накај Пинтија и дека може да ги однесат до некаде.

Децава упорно одбиваа и наеднаш мажот ја нагазна колата и одеднаш ги снема. После првиот шок им се обратив на децава да се преиспитам дали убаво го чув разговорот. Се сетив на аферата од пред неколку месеци за црно возило во кое има маж и жена и канат непознати да ги префрлат до некаде.

Поприлично језива случка, останавме исплашени и дечињата и јас. Да не паничам, ама внимателно по улициве, несигурни времиња. Ќе си ја памтам ноќва долго време.“

Фејсбук статус на Светлана Танушоска.

Поранешниот градоначалник на Чашка претерал со телефоните

Општина Чашка склучи договор за набавка на 100 мобилни телефони, а набавката на  телефонити била хитна и сите тие си ги зел поранешниот градоначалник.

Актуелниот градоначалник се жали дека и покрај тоа што Обвинителството за организиран криминал направил целосна истрага, предметот е заглавен во велешкото обвинителство кое не отвора постапка за овој случај, пишува Инбокс7.

Лоцирана во средишниот дел на државата, руралната општина Чашка брои само 7.673 жители во 42 населени места. Таа е во групата од 22 од вкупно 84 општини со под 8 илјади жители, повеќето од кои се соочуваат со немање капацитет за испорачување на основните услуги за граѓаните.

Но, овие проблеми не ги спречиле локалните власти да ангажираат вкупно 66 лица во општинската администрација. Освен ова, за раководството на општината и за вработените се набавени многу повеќе од бројот на вработените. Истражувањето на Инбокс7 дојде до документи кои покажуваат дека околу 26.600 евра или поточно 1.650.000,00 денари изнесувал договорот кој поранешниот градоначалник на општина Чашка, Горанчо Пановски, во 2016 година го склучил со Друштвото за комуникациски услуги ОНЕ ВИП.

Покрај висината на сумата на овој договор, зачудува и тоа што градоначалникот Пановски набавил околу стотина телефонски броеви, но нејасно е за кого се, се набавени овие телефонски линии. Сепак, постои и решение со кое тој сам на себе си доделил 19 мобилни телефони.

Таа ќе формира досега „невидено“ министерство

Една од најегзотичните натпреварувачи во демократската трка за номинација претседателски кандидат е Маријана Вилијамсон. Таа е писателка, активистка и политички аутсајдер.

Таа досега  има објавено четири книги за самопомош и е гуру во таа област, но се прикажува и како духовна учителка на американската поп икона Опра Винфри. Позната е и по тоа што го менаџирала седмиот брак на Елизабет Тејлор и е против вакцинација на децата.

во своите 67 години таа има живописна биографија зад себе, политичката ѕвезда за неа не сјае толку силно. Нејзин единствен политички ангажман е безуспешниот обид за избор на советник во 33-от округ на Лос Анџелес во 2014 година. Затоа, во последните анкети таа има рејтнг од само два отсто и нема големи шанси да ја добие номинацијата.

Вилијамсон синоќа беше во Сан Франциско и настапи во преполна уметничка алерија каде ги повтори нејзините пораки од претходните кампањски говори. Според неа, таа зборува од се срце и е голтка свеж воздух во гужвата од демократски кандидати за изборите во 2020 година.

-Проблем во САД е конвенционалниот политички естаблишмент. Треба да направиме исчекор, изјави таа и додаде дека на САД им е потребна „морална економија со милосрден капитализам“.

Повикува на плаќање репатријации на црномурестите жители на САД поради ропството врз населението од африканско потекло и признавње на геноцид врз американските Индијанци.

Таа повикува и на инвестирање во децата – нејоиниот најзнаменит повик е создавање на Министерство за мир, „наместо трошење такви огромни пари за оружје и војни“.

-Во земја како нашата образованието им се одзмема на децата само затоа што нашето школство е финансирано од данокот на имот (собиран на локално ниво). Колку aморално е тоа, изјави таа.

Во меѓувреме, телевзијата „Фокс Њуз“ денеска објави резултати од најновата национална анкета во која сенаторката Елизабет Ворен води 10 проценти повеќе од сенаторот Берни Сандерс.

Според анкетата, на прво место во демократската тркат за номинација е поранешниот потпретседател Џо Бајден со рејтинг од 31 отсто, на второ е Ворен со 20 отстотен рејтинг и голем подем во рејтингот, додека Сандерс е зад неа со рејтинг од 10 отсто.

Популарно