Тие ги прават најбрзите мобилни телефони

Од страна на Кинескиот бенчмарк тест AnTuTu  неодамна е објавена листа на најбрзи андроид паметни телефони за март.На врвот на оваа листа се уреди кои се базираат на процесорот Snapdragon 855. Меѓу првите десет има и неколку телефони опремени со Snapdragon 845 и Kirin 980.

На листата се застапени компаниите Huawei, Samsung, Xiaomi, Lenovo и Vivo. Седум од десетте уреди користат Snapdragon 855, два Kirin 980 и еден Snapdragon 845.

На прво место се најде водечкиот модел на Xiaomi, Mi 9 во неговата Transparent Edition верзија која постигна 372.072 поени на AnTuTu тестот. Веднаш зад него е стандардниот Mi 9 со 371.878 поени.

Третото место му припаѓа на телефонот Vivo iQOO Monster, кој освои 365.430 поени.

На четвртото и петтото место се најдоа моделите од Samsung Galaxy S10 серијата. S10 + освои 359.987 поени, а стандардниот S10 – 359.217.

Шестото и седмото место гi заземаат Vivo iQOO и Lenovo Z5 Pro GT, со освоени 356.510 и 348.591 поени.

Натрапници на листата се Nubia Red Magic Mars, Honor V20 и Mate 20X. Овие телефони немаат Snapdragon 855 процесор, туку Snapdragon 845 (Nubia) и Kirin 980 (Honor и Huawei).

На нив им припаѓаат последните места на листата, а сите три телефони освоиле помалку од 320.000 поени.

Коментари

Популарно