Moже ли ова да биде новата хит туристичка дестинација на Македонците?

Сè повеќе туристи ја посетуваат оваa дестинација, а оние кои биле ја нарекуваат „Нова Бугарија“, бидејќи цените се приближно исти. Пристапни цени на сместување и превоз се главниот адут во рацете на верувале или не, Романија.

Мамаја и Констанца се поубави од Будва, велат туристите. Има жичара, аквапарк и многу работи за да се посетат. Старите хотели се реновирани, а цените на храната се слични на нашите.

Сместувањето може да го резервирате и тргнува од 6 евра ноќевање, во зависност од ѕвездите на хотелот. Сместувањето во приватни куќи и станови почнува од 5 до 10 евра по ноќевње.

Единствена препрека на која може да наидете доколку одлучите да летувате на романското море е тоа што македонските туристички агенции не организираат тури до таму, па вам ви преостанува самостојно да се организирате.

Коментари

Популарно