Јанева има цимерка

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева заработи 30. дневен притвор како осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со предметот „Рекет“. 

Таа е спроведена во затворот во Шутка каде ќе ја издржува казната, а ќелијата ќе ја дели со уште една жена, јавува Слободен Печат.

Катива се сомничи дека ја злоупотребила службената позиција и остварила лична корист со тоа што, најпрво влијаела за ослободувње од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничениот за „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.

 Јанева остварила лична корист од околу 290 илјади денари.

Јанева во Кривичен вчера беше неколку часа.

Коментари

Популарно