ВИДЕО: Што остана од Ресторанот на Албанецот кој скокна на хауба на туристи од Шпанија?

Шпанските туристи кои беа нaпaднaти од угостител во Албанија сега имаат добра причина да се вратат и другпат. Освен што добија извинување и цвеќе од албанскиот министер за туризам, извинување и ветување дека угостителот ќе биде казнет добија и од албанскиот премиер Еди Рама. Тоа и се случи.

Хорор сцената, како извадена од филмот „Терминатор“, се случи откако шпанскиот бизнисмен Еугенио Галдон и неговото семејство, во придружба на локален возач и туристички водич, ручале во ресторан на плажата Порто Палермо на југот на Албанија. Според една верзија, туристите наводно биле незадоволни и упатиле забелешки за услугата. Според верзијата на сопственикот на ресторанот, тие не ја платиле сметката. Како и да е, исходот потоа е познат, бидејќи шпанските туристи целиот настан го снимиле на камера; Албанскиот угостител, 51-годишниот Михаљ Кокедима, скокнал на хаубата на возилото и така се возел цели 3 километри, без престан удирајќи по ветробранското стакло со тyпаници, во обид да го скрши и да ги докачи луѓето во возилото. Во тоа не го спречиле ниту кpвавите раце, ниту паничните извици и молби од страна на иcплашените туристи (видеото е на крајот од текстот).

Назад на казната… Во меѓувреме, албанските власти утврдија дека сопственикот на ресторанот утврдиле дека објектот е изграден без потребните дозволи, како и дека три години не платил данок. Како резултат, по наредба на властите и со полициско присуство, објектот на Кокедима (кој во меѓувреме е уапсен) за експресно кратко време беше срушен до темел. Властите не само што го снимија, туку и го објавија и видеото од рушењето (во случај да не се пушта видеото, кликнете на „Watch on Youtube“):

Во меѓувреме, дека ќе се вратат во Албанија потврди и шпанскиот бизнисмен. „Еден човек не ја прави целата земја“, вели тој.

Во продолжение е снимката од инцидентот:

Коментари

Популарно