(ФОТО) Лепа Брена: „Имам автомобил за секоја прилика“

Со оглед на тоа дека пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба се познати како двојка која го живее животот со полни гради, често патуваат и се препуштени на авантура, покрај тоа, оваа позната брачна двојка сака автомобили и поседуваат возен парк.

Како љубители на безбедно возење, имаат најразлични модели на автомобили за секоја пригода…

– Глупо е да се каже колку автомобили имаме. Имаме работен автомобил, за на јавни настани, за на пазар… Боба не ми дозволува да купам мал автомобил затоа што тие не се безбедни, тоа е она што јас би сакала да го сторам – беше кратка Брена кој со оваа изјава докажа колку сопругот се грижи за неа и нејзината безбедност во сообраќајот.

За луксузните марки на возилата кои ги има од „Бентли“ до „Мерцедес“ и други, не траба многу коментар, особено за тоа колку ли чинат сите заедно.

Коментари

Популарно