(ФОТО) Лепа Брена: „Имам автомобил за секоја прилика“

Со оглед на тоа дека пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба се познати како двојка која го живее животот со полни гради, често патуваат и се препуштени на авантура, покрај тоа, оваа позната брачна двојка сака автомобили и поседуваат возен парк.

Како љубители на безбедно возење, имаат најразлични модели на автомобили за секоја пригода…

– Глупо е да се каже колку автомобили имаме. Имаме работен автомобил, за на јавни настани, за на пазар… Боба не ми дозволува да купам мал автомобил затоа што тие не се безбедни, тоа е она што јас би сакала да го сторам – беше кратка Брена кој со оваа изјава докажа колку сопругот се грижи за неа и нејзината безбедност во сообраќајот.

За луксузните марки на возилата кои ги има од „Бентли“ до „Мерцедес“ и други, не траба многу коментар, особено за тоа колку ли чинат сите заедно.

Поп пејачката Елена Ристеска ја доби наградата „Дама на годината“

Поп пејачката Елена Ристеска ја доби наградата „Дама на годината“ во регионот, за постигнувања, работа и креативност на регинално ниво, што се одржа во Врњачка Бања во Србија,

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Благодарам за наградата “Дама на годината”за регионот- за работа, придонес и креативност. Иако повеќе ми значеа коментарите на луѓето за мојата работа и глас,чест ми беше вечерва да бидам помеѓу сите овие успешни и хумани дами. После 17години во музиката и пред прагот на еден сосема нов бизнис-основање на мој бренд за козметика,наградата ќе ја сметам за поттик за уште поголема борбеност во овој “машки” свет,како самостојна и независна жена. #srbija #vrnjackabanja #dodelanagrade #damagodine2019 #damagodine #red @danielnikolovskiofficial1 🥰❤️👏🏽 #makeup #hair

A post shared by 🅴🅻🅴🅽🅰 🆁🅸🆂🆃🅴🆂🅺🅰 ERA (@elenaristeska_era) on

Таа на Инстаграм се фотографираше со статуетката и напиша:

„Благодарам за наградата “Дама на годината” за регионот- за работа, придонес и креативност. Иако повеќе ми значеа коментарите на луѓето за мојата работа и глас, чест ми беше вечерва да бидам помеѓу сите овие успешни и хумани дами. После 17 години во музиката и пред прагот на еден сосема нов бизнис-основање на мој бренд за козметика, наградата ќе ја сметам за поттик за уште поголема борбеност во овој “машки” свет, како самостојна и независна жена“.

ФОТО: Српската пејачка се прошета со чуден детал на снимање

Српската пејачка се појавила на снимање со необичен детал околу вратот. Пејачката избрала розев фустан, но сите гледале во сребрениот ремен кој го ставила како ланче.

„Под итно смени го стилистот“, „Дали тоа ремен носиш околу врат“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

ФОТО: Познатата македонската пејачка ослабе 20 килограми

Наде Талевска Спасовска една од најдобрите оперски и поп пејачки во интервју за Женски магазин  вели дека програмата за хроно исхрана која ја добила во една скопска болница ѝ помогнала да ослабе 20 килограми.

„Во изминатава година симнав нешто повеке од 20 килограми и морам да признаам дека се чувствувам одлично во своја кожа. Повторно морам да бидам искрена како и секогаш, и да кажам дека не се придржував строго кон исхраната. Мамев малку, хахаха. Но, сепак и покрај тоа добив одлични, видливи резултати и многу сум среќна поради тоа!“, вели Талевска.

На прашањето дали операските пејачки по некое непишано правило треба да се покрупни жени, таа вели:

„Да, и јас сум го чула тоа дека за оперските пејачки велат дека треба да се покрупни. Но, и не мора да е така. Всушност, самата сцена си бара и естетика покрај вокалниот квалитет“, вели пејачката.

Вака изгледаше пред драстично да ослабе:

Популарно