ВИДЕО: Maријана нема ниту интернет, ниту мобилен, а во училиштето велат дека е посебна

Маријана има 12 години и, како што самата вели, среќно детство. Но, нема се’што денешните деца имаат. Она што многумина го земаат здраво за готово. Таа нема лаптоп, интернет, нема ниту мобилен телефон. Но, затоа пак Маријана го има она што го немаат денешните основци.

Има соништа, нешто околу што треба да се труди, нешто за што треба упорно и вредно да се работи, кон кое треба да се стреми – вака од хрватската телевизија “Нова ТВ” ја започнуваат приказната за малата Маријана Марков.

Кога ќе порасне, таа сака да оди на факултет, да биде учителка, а за да го оствари својот сон – тоа што нема Инстаграм, Фејсбук или е-дневник нема да ја запре. Маријана има книги, кога нешто не знае ги прашува постарите, логички носи заклучоци…

Маријана секогаш некако се снајдува.

Целиот прилог за ова неверојатно девојче и нејзиното семејство погледнете го ТУКА.

Коментари

Популарно