Никако не јадете сладолед пред спиење, еве зошто

Кошмар -  хорор филм режиран од вас! Постојат луѓе кои се подложни на вакви соништа.

Познато ни е дека сите сонуваме, но само неколкумина се сеќаваат да ја раскажат својата авантура следниот ден. Сепак, повеќето се сеќаваат на кошмарот кога го сонуваат. Експертите откриваат дека постои список на храна која, ако се јаде пред спиење, може да предизвика лоши соништа.

На прво место не е ништо помалку, не повеќе е сладоледот. И додека децата молат за да добијат сладолед, возрасните можат да врескаат ноќе од него. Богат е со маснотии и шеќер, а организмот нема доволно време да ги согори ако се освежите непосредно пред спиење. Јаглените хидрати од овој десерт ќе му дадат енергија на телото дури и кога сака да се одмори. Ваквата состојба  испраќа пораките и го збунети мозокот што на крајот резултира со кошмар.

Слична е ситоацијата и со пијалоци богати со кофеин. Дури и врапчињата од гранката знаат дека пиењето кафе со шеќер пред спиење го брка сонот, но малкумина знаат дека чаша сок како што е Кока  кола може да направи проблеми. Се смета дека предизвикува „ѓаволски филмови“ заради неговиот состав - кофеинот го стимулира мозокот директно, дури и за време на спиењето, што може да резултира со лоши соништа. Мозокот се бори да се опушти целосно но заради кофеинот,  не може веднаш да заспие во длабок сон и затоа честопати е нападнат од цоништа како сцени од хорор филм.

Зачинетата, особено лутата и солена храна пред спиење се сигурна гаранција дека ќе имате кошмар. Многумина на социјалните мрежи тврдат дека ако јадат зачинети чипсови не само што се вртат по креветот и пијат вода на секои половина час, туку честопати сонуваат дека ги бркаат чудовишта во сон. 

Затоа запомнтете, лесни оброци, туш и чиста постелнина со сигурност ќе ви обезбедат мирно да спиете како бебе. 

Коментари

Популарно