ФОТО: Објавија прва фотографија од бебето и споделија семеен момент

Неодамна во светот одекна веста дека Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли добиле трето дете, а оваа информација успешно ја криеле од јавноста повеќе од два месеци.

Рејнолдс сега на Твитер објавил и прва фотографија од бебето, споделувајќи со своите 15 милиони следбеници емотивен семеен момент.

Имено, на фотографијата се гледа како 42-годишниот актер ја прегрнува својата 10. години помлада сопруга, додека во рацете ја држи својата новородена ќерка, а сетоа тоа во недопрената природа на канадските шуми.

Тој во описот апелира на луѓето да ја чуваат животната средина и додал дека е горд на климатскиот напред во последниве 4 години.

„Ја сакам Британската Колумбија. Сакам мојата ќерка да го има истото природно игралиште во кое и јас пораснав.  На 21. октомври кандидатот за кој ќе гласате ќе води политика за климатските промени наредните четири години“, напишал тој, воедно откривајќи дека бебето е девојче, што досега не беше познато во јавноста. Ова е нивно трето дете, веќе ги имаат Џејмс и Инез.

Коментари

Популарно