Грета Тунберг се закани дека ќе го напушти Фејсбук

Климатската активистка Грета Тунберг најави дека можеби ќе се повлече од Фејсбук, што, иронично, го најави токму на Фејсбук.

Кажа дека размислува за тоа затоа што Фејсбук не успева да го спречи злоставувањето насочено кон неа.

Напиша дека константните лаги и теории на заговор кои се шират по социјалната мрежа, нормално, резултираат со омраза, закани со смрт и на крајот насилство.

„Фејсбук лесно би можел да го сопре тоа кога би сакал“, напиша Тунберг која тврди дека тој пропуст на Фејсбук не се одразува само врз неа туку и врз многу други корисници па размислува за тоа дали воопшто да продолжи да ја користи социјалната мрежа.

„Недостигот од преземање одговорност ми е многу вознемирувачки. Но сигурна сум дека тие, доколку доволно од нас побараат промени, ќе ги спроведат тие промени“, заклучи таа.

„И јас, како и многу други, се прашувам дали треба да продолжам да го користам Фејсбук или не. Дозволувањето говор на омраза, недостигот од проверка на фактите и, нормално, прашањето на мешање во демократските процеси... се само дел од многуте, многуте други нешта кои длабоко вознемируваат.

Константните лаги и теории на заговор за мене и безброј други, нормално, резултираат со омраза, закани со смрт и на крајот со насилство. Фејсбук тоа лесно би можел да го сопре кога би сакал. Недостигот од одговорност многу ме вознемирува. Но сигурна сум дека кога би биле предизвикани и кога доволно од нас би побарале промена, дека таа промена би се случила“, напиша таа во својот пост на Фејсбук.

Коментари

Популарно