Погледнете зошто жените сакаат доминантен партнер

Во ек на борбата за еманципирање на жените и подобрување на нивните права и еднаквост во општеството, тешко е да се зборува за тоа зошто жените бираат доминантен животен партнер.

Дали ве привлекуваат романтични партнери кои се моќни, одлучни и владеат со секоја ситуација? Изборот на доминантен партнер нема врска со полот и сексуалната ориентација, но психотерапевтите издвојуваат неколку причини зошто хетеросексуалните жени бираат доминантни партнери.

Има различни начини да се биде доминантен, но експертите сметаат дека главни карактеристики на луѓето со социјална доминација се авторитативност, преземање и одржување контрола и преземање лидерска улога.

Ова се најчестите причини зошто жените бираат доминантен партнер и совети како да разликувате доминантен од насилен партнер.

Ве привлекуваат „лоши момци“

Звучи како стереотип, но е факт. Лесно е да се „падне“ на шармот на лошите момци: нивната одлучност да се спротистават на правилата, мистериозен изглед, бунтовност… Но, лошите момци често не се доминантни типови, туку само многу добро ја глумат таа улога. Најчесто само имаат „Петар Пан комплекс“ и не сакаат да пораснат и да станат одговорни. Проценете мудро, што ќе правите кога ќе се умори од глумење?

Не сакате да носите големи одлуки

Некои жени веруваат дека животот би им бил многу полесен кога не би морале да носат големи одлуки и да одговараат за нив. Доминантен партнер лесно би им го решил тој проблем: тој сака да ја има контролата, па ќе одлучува за двајцата: каде ќе живеете, што ќе работите, како ќе ги воспитувате децата… Сево ова не е погрешно, но само ако ВИЕ го сакате тоа, а не ви е наметнато. И во врската со доминантен партнер треба да ја задржите својата индивидуалност и право да носите одлуки за себе.

Фините момци ви се здодевни

Нема ништо погрешно во тоа да се биде фин тип, но некои жени едноставно не ги привлекува тоа. Сакате авантура, возбудливост, изненадување, да бидете со некој кој е во центар на внимание и позиција на моќ? Држењето за рака никогаш нема да ви биде доволно.

Влијанија од родителите

Односот со партнерот многу често е одраз на начинот на кој сте воспитувани. Ако едниот или двајцата родители биле доминантни, постои голема веројатност дека вие сте навикнале на таков начин на живот и тие особини потсвесно ги барате во партнерот. Навикнати сте да бидете под контрола, друг да одлучува за вас и да следите правила, па барате доминантен партнер кој ќе се однесува со вас на тој начин.

Разлика меѓу доминација и агресија

Понекогаш чувството на доминација може да прерасне во нагон за посесивност и агресија, но тоа зависи од карактерот на човекот и многу други фактори.

Доминантните луѓе се способни за љубов, емпатија и грижливост. Ако доминантното однесување прерасне во желба да го контролира вашиот живот во секој аспект или да ја злоупотреби вашата доверба со тоа што ќе манипулира со вас или ќе ве малтретира, физички или емоционално, тоа е веќе проблем што не може да се припише само на доминантата карактеристика.

Тука веќе станува збор за токсична врска што е штетна за вас и треба да преземете мерки за да излезете од неа безбедно.

Коментари

Популарно