Дебар Мало ќе биде пешачка зона

Општина Центар изготви сообраќајно решение за забрана за сообраќај во вториот дел на Боемска улица во Дебар Маало, која ќе стане пешачка зона. Пешачка зона ќе биде делот од кафулето „Кантина“ до улицата Орце Николов.

„Сообраќајното решение е изготвено и предадено на одобрување во Министерството за внатрешни работи. На Боемска 2 ќе биде дозволено само влез на возила за дотур на стока, но во определен дел од денот. За да се затвори Боемска, улицата „Костурски херои“ ќе стане двонасочна“, вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Коментари

Популарно