ФОТО: Бред Пит се почесто се појавува со оваа актерка во јавност

После разводот од Анџелина Џоли, Бред Пит го поврзуваа со многу жени, а последната во низата била духовната советничка Сат Хари Калсон.

Сепак, во последно време актерката се почесто се појавува на истите настани како и неговата помалку позната колешка, 30-годишната Алија Шокат.

Станува збор за актерката со која Бред Пит неодамна е фатен при враќање дома после една забава. Наводно парот се дружи неколку месеци, но тоа се уште не е ништо сериозно, туку се запознаваат.

Како што пренесуваат странските медиуми, тие имаат многу заеднички интересирања, што ги поврзуваа, а со текот на времето сфаиле дека не можат да бидат само пријатели. 

Да потсетиме, Бред од Анџелина со која има 6 деца се разведе во 2016 година, а оттогаш со ниту една жена нникаде не се пријавил официјално.

Коментари

Популарно