Загрижувачки: Вака реагираат младите доколку им го одземете телефонот

Еден ден ќе сфатите дека вашиот мозок не функционира како што треба поради мобилните, ќе сфатите дека имате слаба меморија и дека потешко можете да најдете решенија и одговори на едноставни прашања, но ќе биде доцна, вели конгнитивно-социјалниот психологот Адријан Вард од Универзитетот на Тексас во Остин, кога станува збор за зависноста од мобилните телефони.

Овој психолог спроведува експеримент насловен како “Испарување на мозокот: Самото присуство на смартфон ги намалува когнитивните способности”, со 1.500 студенти, во кој ги дели студентите во три групи и им го ограничува пристапот до мобилните телефони, односно не им дозволува да ги користат мобилните за време на решавање на зададените задачи.

Првата група ја сместува во една просторија, а мобилните им ги става во друга просторија. На втората група не им дозволува да ги вадат своите мобилни телефони од ранците или џебовите, а на третата група при решавањето на задачите им овозможува да ги остават мобилните телефони до нив, но со свртен екран, без да ги користат.

Целта на овој експеримент не била толку насочена кон тоа што ќе одговорат, туку на количината на работната меморија и на тоа на  колкава количина на информации биле способни да се фокусираат.

На крајот од експериментот, психологот ги споредил резултатите и заклучил дека најмногу бодови осволиле оние деца на кои мобилниот телефон им бил во соседната соба, па потоа децата на кои мобилниот им бил во ранецот или џебот, а најслаби резултати покажале децата на кои мобилниот им бил најблиску на дофат.

На крајот од истражувањето, кога психологот ги прашал студентите дали мислат дека се зависни од моблините, тие рекле не, на што психологот Адријан Вард го поставува прашањето: дали сте се сретнале со зависник од дрога или алкохол кој ја признава својата зависност?

Коментари

Популарно