Во семејството Ражнатовиќ повторно се слави

Светлана Цеца Ражнатовиќ на крие колку е горда што нејзиниот наследник Вељко, дипломирал на Факултетот за менаџмент и економија во Бања Лука. Таа, наведува, веднаш убавите вести ги споделила со јавноста, а во семејната куќа со сигурност се организира уште една прослава по тој повод.

„Вељко и Богдана се во моментов во Бања Лука, тој вчера ја бранеше дипломската и морам да ви кажам дека сум многу горда“, рекла пејачката за српските медиуми.

Исто така зборувала и за свадбата, која неодамна се случи, па открила каква е атмосферата дома.

„Убаво е, супер се согласуваме, сумираме впечатоци. Беше преубава свадба“, рекла пејачката, па открила колку и значи што Вељко својот син ќе го крсти по неговиот покоен татко.

„Не влијаев на тоа, ниту пак некој се мешаше во изборот на имиња кога беа моите деца во прашање, само сопругот и јас. Целосно е природно они двајца да одлучат. Мене ми е најважно детето да е живо и здраво, но сепак е убаво да се вика по својот дедо, зошто да не? И Вељко го доби името по таткото на Жељко“, рекла Цеца.

Коментари

Популарно