Дали ви се верува „За две години градоначалнички мандат нема земено ниту денар патни трошоци“

Актуелниот градоначалник на Општина Дебрца Зоран Ногачески објави интересен статус. Еве што напиша:

„Деновиве по порталиве можеме да прочитаме кој пратеник колку инкасирал на своја сметка, по основ на патни трошоци.

И читаме, поединци земале илјадници евра. Ај и јас да се пофалам.

За две години градоначалнички мандат немам земено ниту денар патни трошоци. Рака на срце, немам ниту право, бидејќи користам службено возило.

Според закон имам право на дневници за службени патувања. За две години градоначалнички мандат имам земено 0 ( читај: нула ) денари дневници за службени патувања.

Многумина ми велат: “Ти си луд “!? А јас мислам дека го правам само она што треба да го прави секој избран од народот…….

П.С. Верувајте, не е се во парите !“

Коментари

Популарно