Дали ви се верува „За две години градоначалнички мандат нема земено ниту денар патни трошоци“

Актуелниот градоначалник на Општина Дебрца Зоран Ногачески објави интересен статус. Еве што напиша:

„Деновиве по порталиве можеме да прочитаме кој пратеник колку инкасирал на своја сметка, по основ на патни трошоци.

И читаме, поединци земале илјадници евра. Ај и јас да се пофалам.

За две години градоначалнички мандат немам земено ниту денар патни трошоци. Рака на срце, немам ниту право, бидејќи користам службено возило.

Според закон имам право на дневници за службени патувања. За две години градоначалнички мандат имам земено 0 ( читај: нула ) денари дневници за службени патувања.

Многумина ми велат: “Ти си луд “!? А јас мислам дека го правам само она што треба да го прави секој избран од народот…….

П.С. Верувајте, не е се во парите !“

Тој и ја претворил во kошмар првата брачна ноќ

Една жена доживеа голема непријатност за време на нејзината прва брачна ноќ , а она што го направи нејзиниот сопруг сè уште ја вознемирува. Таа одлучи да ја сподели својата приказна со целиот свет.

„Маж ми ја уништи првата брачна ноќ со тоа што ми се обрати со името на друга девојка додека имавме секс *“, се пожалила една млада жена на колумнистот Деидре, барајќи  совет.

"Ние сме заедно три години и имавме свадба на Карибите. Тој е 28, а јас сум 26 години. Беше толку романтичен додека не го рече тоа. Остатокот од ноќта го поминав во бањата плачејќи".

"Тој се извинуваше и се заколна дека не е ништо. Тој има пријателка со тоа име што го кажа, но не мислам дека нешто се случува. Сепак, сепак ми се врти тоа во главата. Беше одвратно. 

„Нашиот сексуален  живот беше фантастичен, но сега практично не постои. Тој се преправа како ништо да не се случило, но јас не можам да го сторам тоа“.

Деидре одговори:

"Го сакаш, тој те сака и не веруваш дека те измамил. Тоа е важно. Секогаш кога размислувате за тоа, заменете го со три среќни сеќавања на денот на вашата свадба. Вратете се во основите. Држете се за раце, бакнувајте се, бидете блиски кога сте заедно и изградите го патот до  повторно уживање во сексот“.

Видео: Атиџе очекува Оскар

Во очекување и надеж дека ќе зачекори на црвениот килим, Атиџе си го живее својот стар живот, во, како што вели, медената земја и нејзиното село Бекирлија. „Очекувам да добиеме ‘Оскар’, се надевам дека и јас ќе прошетам на црвениот тепих. Ако не ме земат, пак ќе ме викаат да одам таму.

Мислам дека ќе земеме, тие ми викаат  тешко, има пред нас други, но мислам ќе победиме, некоја сила ме тера, ми кажува; А на радио кога слушнав за двете награди, знам дека едната оди кај нас“, вели Атиџе

За неа е голема радост што од селото, каде што е сама, од неодамна со братот стигнала да го види светот, но вели дека не сака да заборави која е и од каде е.„Никогаш нема да се откажам од пчелите, по нив секогаш ќе трчам и ќе се грижам за нив. Ништо нема да го смени тоа“, вели Атиџе во разговорот за „А1он“. По овој филм, најмногу вели дека се радува што почнале да доаѓаат луѓе во селото

 Атиџе ги чека Оскарите: Многу сум радосна, мала држава ама му покажавме на цел свет дека можеме"

Медена земја’ сум насмеана и весела зашто доаѓаат луѓе, се радувам што има луѓе. Многу сум радосна, многу ми се смени животот, му покажавме на целиот свет кои сме, тоа ми е битно. Сиромашна и мала држава, јас сум уште посиромашна, но му покажавме на светот“, раскажува Атиџе за своите импресии.

Јас не се радувам на богатството, туку на луѓето и здравјето, човек има и тешки и лесни денови, вели Атиџе

Не помислив никогаш дека ќе бидам на филм, но имав мерак да се прошетам, да пеам, како дете уште сакав да видам како се прави тоа на филмовите. Сите викаат лесно е да правиш документарен филм, мене не ми беше ни лесно ни тешко. Првин ми беше и страв и срам пред камерите, да не направам нешто погрешно. Еден месец не знаев што снимаме, дали филм дали нешто друго“, вели Атиџе

Извор: А1он

Ако сте во врска со Стрелец запомнете го ова

Ако  сте во врска или  брак со Стрелец , веројатно по природа сте и енергична личност… Сепак, вашиот партнер е еден од најсмешните, најпаметните и најгласните хороскопски знаци. Но, како да го припитомите нивното „немирно“ срце?

Па, тајната лежи во само една реченица - дури и не се обидувајте. Стрелците имаат навика да живеат поинтензивно во своето тело отколку другите хороскопски знаци. Иако интелектуално се исполнети, тие ги обработуваат своите податоци кинестетски.

Ако сакате да ја задржите љубовта во врска или брак, сè што треба да сторите е да го забрзате пулсот - да одите на заеднички прошетки, да спортувате и да уживате на отворено, но внимавајте на нивните натпреварувачки способности - иако тие ве сакаат, сакаат да победат.

Парот што патува заедно останува заедно, барем кога еден од нив е Стрелец. Стрелците се по природа  авантуристи  и ништо не ги возбудува повеќе од добро старо патување - тие го гледаат тоа како времето кое го поминувате заедно, можност да уживате во музиката, местата и храната.

Ако тие се на едно место премногу долго, Стрелецот станува нервозен, влијае на секој аспект од нивниот живот, вклучително и бракот и врските. Кога се во движење, тие се мирни и уживаат во секој аспект од животот.

Како еден од најдуховитите знаци на зодијакот, Стрелецот може да ве „боцне“ во вистинско време, кога најмалку го очекувате. Иако сакаат да бидат во центарот на вниманието, Стрелецот исто така го „сака“ партнерот во комедијата што ја создаваат.

Слободно можете да одговорите на нивното „боцкање“ со саркастични коментари, но не бидете злобни и доживејте вистинска романса.

Популарно