ФОТО: Поранешниот холивудски секс-симбол денес непрепознатлив на улица

Актерот Ник Нолти (78), кој има снимено повеќе од 50 филма во својата кариера и дури трипати беше номиниран за „Оскар“, денес изгледа непрепознатливо. Во младоста го сметаа за секс-симбол на Холивуд, а по него воздивнуваа жени од целиот свет.

Но, оттогаш поминаа децении, а Нолти веќе не е она што беше. Напротив, камерите го фатија во едно сосем поинакво издание – долгата бела брада, неуредната коса и немарното облекување го трансформираа Нолти, па денес малкумина би го препознале.

Нолти ја почна својата кариера во театарот, но набргу се префрли на филмското платно, кое му обезбеди планетарна популарност. Покрај актерството, тој е познат и по својот турбулентен приватен живот, кој се карактеризира со борба против зависности и со многубројни неуспешни љубовни врски.

Нолти се женеше четирипати и има две деца. Тој неколкупати е прогласуван за најпосакуван маж на светот.

Коментари

Популарно