Посна салата од туна и тестенини
СОСТОЈКИ:
1 пакување посни тестенини
2 конзерви Тимко туна
6 кисели краставички
150 гр пченка
150 гр посен мајонез
малку сол
бибер
оригано
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Тестенините згответе ги, исцедете ги и измијте ги под млаз вода. Оставете на страна.
Згответе и пченка, па исцедете и измешајте со тестенините. Додајте парчиња туна, мајонез и зачини па измешајте. По желба додајте и маслинки.
Добар апетит!