Рецепт за денешен ручек

Посна салата од туна и тестенини

СОСТОЈКИ:

1 пакување посни тестенини

2 конзерви Тимко туна

6 кисели краставички

150 гр пченка

150 гр посен мајонез

малку сол

бибер

оригано

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тестенините згответе ги, исцедете ги и измијте ги под млаз вода. Оставете на страна.

Згответе и пченка, па исцедете и измешајте со тестенините. Додајте парчиња туна, мајонез и зачини па измешајте. По желба додајте и маслинки.

Добар апетит!

Видео: Во Валандово крстот се фрлаше три пати

Вчерашниот чин на „фрлање на крстот“ покрај Штип скандал имаше и во Валандово. Свештените лица трипати го фрлаа крстот, затоа што по него се фрлале и лица кои не биле пријавени. Официјално на крајот Костадин Георгиев го фати крстот.

Тој и ја претворил во kошмар првата брачна ноќ

Една жена доживеа голема непријатност за време на нејзината прва брачна ноќ , а она што го направи нејзиниот сопруг сè уште ја вознемирува. Таа одлучи да ја сподели својата приказна со целиот свет.

„Маж ми ја уништи првата брачна ноќ со тоа што ми се обрати со името на друга девојка додека имавме секс *“, се пожалила една млада жена на колумнистот Деидре, барајќи  совет.

"Ние сме заедно три години и имавме свадба на Карибите. Тој е 28, а јас сум 26 години. Беше толку романтичен додека не го рече тоа. Остатокот од ноќта го поминав во бањата плачејќи".

"Тој се извинуваше и се заколна дека не е ништо. Тој има пријателка со тоа име што го кажа, но не мислам дека нешто се случува. Сепак, сепак ми се врти тоа во главата. Беше одвратно. 

„Нашиот сексуален  живот беше фантастичен, но сега практично не постои. Тој се преправа како ништо да не се случило, но јас не можам да го сторам тоа“.

Деидре одговори:

"Го сакаш, тој те сака и не веруваш дека те измамил. Тоа е важно. Секогаш кога размислувате за тоа, заменете го со три среќни сеќавања на денот на вашата свадба. Вратете се во основите. Држете се за раце, бакнувајте се, бидете блиски кога сте заедно и изградите го патот до  повторно уживање во сексот“.

Видео: Атиџе очекува Оскар

Во очекување и надеж дека ќе зачекори на црвениот килим, Атиџе си го живее својот стар живот, во, како што вели, медената земја и нејзиното село Бекирлија. „Очекувам да добиеме ‘Оскар’, се надевам дека и јас ќе прошетам на црвениот тепих. Ако не ме земат, пак ќе ме викаат да одам таму.

Мислам дека ќе земеме, тие ми викаат  тешко, има пред нас други, но мислам ќе победиме, некоја сила ме тера, ми кажува; А на радио кога слушнав за двете награди, знам дека едната оди кај нас“, вели Атиџе

За неа е голема радост што од селото, каде што е сама, од неодамна со братот стигнала да го види светот, но вели дека не сака да заборави која е и од каде е.„Никогаш нема да се откажам од пчелите, по нив секогаш ќе трчам и ќе се грижам за нив. Ништо нема да го смени тоа“, вели Атиџе во разговорот за „А1он“. По овој филм, најмногу вели дека се радува што почнале да доаѓаат луѓе во селото

 Атиџе ги чека Оскарите: Многу сум радосна, мала држава ама му покажавме на цел свет дека можеме"

Медена земја’ сум насмеана и весела зашто доаѓаат луѓе, се радувам што има луѓе. Многу сум радосна, многу ми се смени животот, му покажавме на целиот свет кои сме, тоа ми е битно. Сиромашна и мала држава, јас сум уште посиромашна, но му покажавме на светот“, раскажува Атиџе за своите импресии.

Јас не се радувам на богатството, туку на луѓето и здравјето, човек има и тешки и лесни денови, вели Атиџе

Не помислив никогаш дека ќе бидам на филм, но имав мерак да се прошетам, да пеам, како дете уште сакав да видам како се прави тоа на филмовите. Сите викаат лесно е да правиш документарен филм, мене не ми беше ни лесно ни тешко. Првин ми беше и страв и срам пред камерите, да не направам нешто погрешно. Еден месец не знаев што снимаме, дали филм дали нешто друго“, вели Атиџе

Извор: А1он

Популарно