Српската пејачка Тања Савиќ празниците ги помина со семејството, а ги честиташе со фотографија на која позира со својата сестра.
Инаку, пред неколку години се зборуваше дека Билјана и Тања се скарани и дека не разговараат и тоа во време кога пејачката била скарана со родителите.
Меѓутоа, Тања тоа го демантирала, односно признала дека Билјана ѝ е голема поддршка. Следбениците во коментари ѝ порачале дека личи на својата сестра, односно ѝ упатиле комплименти за изгледот.