Личниот тренер на популарната пејачка откри како точно Адел ослабела 45 килограми и тоа нема да ви се допадне.
Трансформацијата низ која поминала Адел и понатаму ги запрепастува луѓето, а сега нејзиниот личен тренер го открил ригорозниот режим со кој Адел успеала практично да се преполови.
Како што тој открил, станува збор за стриктна диета која се состоела од зелени смути, а Адел внесувала околу 1.000 калории дневно.
Камила Гудис, авторитет и како што ја нарекуваат 2мгаионичар“ на полето на трансформациите вели дека Адел значајно го намалила внесувањето калории. Некој просечен препорачан дневен износ за жени е 2.000, а аАдел внесувала 1.000
-Вежбаше, но би рекла дека 90 отсто од трансформацијата потекнува од исхраната. Тоа е добра диета за интензивно слабеење. Првата недела е особено напорна, само зелени сокови и само 1.000 калории. Би рекла дека Адел не изгледа преслабо, иако многумина тоа го велат. Напротив, изгледа сјајно - рекла Камила.