Доживеал ли принцот Хари нервен слом па завршил кај психијатар - Меган е причинта

Принцот Хари и Меган Маркл со својата одлука да ги остават кралските должности што им се наметнати од нивниот статус во британското кралско семејство, го шокираа светот, а сега светските медиуми пишуваат дека притисокот го предизвикала исклучиво Меган, што му предизвикало на Хари нервен слом.

"Принцот, едноставно, веќе не можеше да следи колку лошо неговата сопруга се справува со улогата на аристократ. Тој се плашеше дека Меган ќе го напушти и ќе го земе со себе нивниот син Арчи. Сите овие околности го зедоа својот данок, и во еден момент тој "пукна“, поради што одеше на терапија со недели кај психијатар кој го посетуваше во вилата каде престојуваше во Канада во изминатите Божиќни празници“, открил извор, велејќи дека Меган лесно го искористила тоа, убедувајќи го дека е најдобро за сите тие да се откажат од своите должности и да одат по свој пат.

Коментари

Популарно