Од овие вознемирувачки фотографии и видео снимка солзите сами ќе ви течат

Кошаркарската легенда Коби Брајант вчера рано утрото по американско локално време загина во хеликоптерска несреќа заедно со неговата 13 годишна ќерка и седум други лица вклучувајќи го и пилотот.

Официјална причина за несреќата е густата магла во близина на местото Калабас во Калифорнија каде и се случи несреќата.

Кошаркарот на ЛА Лејкерс инаку патувал со својот приватен хеликоптер марка „Sikorski C-76“ на натпревар на неговата ќерка.

Итната помош брзо пристигнала на местото на несреќата, но веќе немало помош, пишуваат тамошните медиуми.

Светскиот сајт „Дејли меил“ објави и видео од несреќата одблиску каде се гледаат само остатоци од хеликоптерот кој горат во пламен, како и вознемирувачки фотографии од собирањето на телата на загинатите.

инаку на фотографиите на „Дејли меил“ се гледа како од десната и левата страна се прекриени две тела кои се пронајдени по хеликоптерската несреќа во која загина и легендарниот кошаркар.

Коментари

Популарно