ЈУЖНА КОРЕЈА ГО ПОКОРИ ХОЛИВУД: „Паразит“-азиското чудо грабна дури четири награди

Иако многумина очекуваа дека „Џокер“ ќе ја освои најпрестижната награда на доделувањето на Оскарите, се случи изненадување изненадување така што „Паразит“ го грабна својот четврт Оскар синоќа на церемонијата.

Покрај оваа награда, корејскиот филм грабна и признанија за најдобар фил надвор од англиско говорно подрачје, во чија конкуренција беше номиниран и „Медена земја“, зема статуетка за најдобра режија и за оригинално сценарио.

Хитот „Паразит“ е црна комедија за класните разлики во јужнокорејското општество. Раскажува за сиромашно семејство кое со измами и интриги се вовлекува во домот на богати сограѓани во Сеул. Тоа е меѓу филмовите со најголема заработка во националната кинематографија.

Коментари

Популарно