Во пожарот што избувна рано утрово во Нов Белград настрадаа шест лица, меѓу кои и мајка и син. Три лица биле евакуирани, а шест други се повредени.
Пожарот избувнал околу 4 часот во солитерот на улица Милутин Милановиќ, а интервенирале десет противпожарни возила.
Една жена, 68, се здобила со изгореници од втор степен и била однесена во болница.
Според првичните информации од местото на настанот, пожарот избувнал на седмиот кат, но се проширил на осмиот, деветтиот и десеттиот. Пожарникарите пронашле три лица кои не давале животни знаци во еден стан, едно тело во друг стан и две тела во третиот стан.
Повредените во пожарот се пренесени во Ургентниот центар, како и во Воената медицинска академија. Неколку луѓе проголтале чад, но не животно загрозени.
Само благодарение на брзата интервенција на пожарникарите спречено е пожарот да се шири во другите делови на зградата.
- Пожарот сега е локализиран. Три возила на ВСJ „Земун“ со осум пожарникари, две возила на ВСЈ „Воздовац“ со осум пожарникари и пет возила „ВСJ Звездара“ со 14 пожарникари излегоа на теренот - изјавија за Блиц од српскиот МУП.
Видео на ОВОЈ ЛИНК и на ОВОЈ ЛИНК