Трагедија: мајка и син меѓу настраданите Во пожарот кој одзема 6 животи

Во пожарот што избувна рано утрово во Нов Белград  настрадаа шест лица, меѓу кои и мајка и син. Три лица биле евакуирани, а шест други се повредени.

Пожарот избувнал околу 4 часот во солитерот на улица Милутин Милановиќ, а интервенирале десет противпожарни возила.

Една жена, 68, се здобила со изгореници од втор степен и била однесена во болница.

Според првичните информации од местото на настанот, пожарот избувнал на седмиот кат, но се проширил на осмиот, деветтиот и десеттиот. Пожарникарите пронашле три лица кои не давале животни знаци во еден стан, едно тело во друг стан и две тела во третиот стан. 

Повредените во пожарот се пренесени во Ургентниот центар, како и во Воената медицинска академија. Неколку луѓе проголтале чад, но не животно загрозени.

Само благодарение на брзата интервенција на пожарникарите спречено е пожарот да се шири во другите делови на зградата.

- Пожарот сега е локализиран. Три возила на ВСJ „Земун“ со осум пожарникари, две возила на ВСЈ „Воздовац“ со осум пожарникари и пет возила „ВСJ Звездара“ со 14 пожарникари излегоа на теренот - изјавија за Блиц од српскиот МУП.

Видео на ОВОЈ ЛИНК и на ОВОЈ ЛИНК

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно