По тешкиот процес на лекување со хемотерапија, Мила заѕвони на ѕвончето за победа во Детската клиника во Скопје

Една мала убавица, малата Мила вчера заврши една голема битка и сите се радуваме заедно со неа.

На некои луѓе силата им е тестирана уште од најмали години, а од еден таков сериозен животен предизвик сега излезе малата Мила.

Таа се соочи со дијагнозата рак, но со помош на своето семејство мина низ тешкиот процес на лекување со хемотерапија и сега излезе како победник од Детската клиника.

Заѕвони на ѕвончето за да го означи крајот на оваа битка.

„Многу мила, една мала Мила! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш докторка и кога и ти ќе лекуваш дечињата.

Денес клоцна една голема грижа, така и треба #ДетскаКлиника“, напишаа од здружението на граѓани САНО, кое ги поддржува децата и нивните семејства и работи кон подобрување на условите во здравството, образованието и социјалната грижа.

Коментари

Популарно