Советник на Заев го пцуел Дурловски на семафори

Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, објави на Фејсбук дека денеска околу 12 часот бил вербално нападнат од советник на експремиерот Зоран Заев. Тој вели дека инцидентот веднаш го пријавил во полициска станица и дека очекува да биде покрената соодветна постапка.

„После бројни напади во изминатиот период за кои не сум проговорил, одлучив јавно да објавам за денешниот кој беше сериозна и директна закана за мојата безбедност и личен интегритет. Инцидентот е пријавен во полициска станица по што очекувам да биде покренета соодветна постапка. Сакам јавно да го прашам г-динот Заев, дали му е навика во вакви насилни методи на заканување да ги злоупотребува неговите советници за заплашување на опозиционите кандидати во изборниот процес? Или можеби овие негови советници, кои земаат државна плата од владата, му се целосно вон контрола? Наскоро ќе ги информирам и претставниците на меѓународната заедница. Нападите ги гледам како обид за заплашување кон мене и атак против слободата на мојот избор да го бранам македонското во сопствената татковина“, напиша Дурловски на Фејсбук.

Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврдило случајот за порталот „Република“.

„На 02.06.2020 година во 12.50 час во ПС, лицето Игор Дурловски со пријава дека на 02.06.2020 година околу 11.14.часот на ул.11-ти Октомври на семафорите правец кон Центар, додека бил престроен на средна лева лента со неговото возило, на левата лента било престроено возило БМВ црна боја со бугарски ознаки, при што возачот Ф.А. го отворил прозорецот и му се обратил со зборовите: ‘Ќе лежиш сто години затвор‘, при што истиот продолжил право и продолжил да вози паралелно со пријавиелот по што повторно со возилото застанал на семафорите на крстосницата помеѓу ул.11-ти Октомври со ул.Филип Втори Македонски. Пријавителот го прашал да му повтори и истиот повторно му повторил дека треба да лежи сто години затвор и почнал да го навредува со погрдни зборови и пцовки. Откако се запалило зеленото светло на семафорот пријавителот тргнал со возилото и истите го одминале и возеле пред него каде на ул.Димитрие Чуповски со ул. Васил Главинов свртеле десно и повторно застанале на семафорите на крстосницата помеѓу бул, Партизански Одреди со бул.ВМРО. Откако се вклучило зелено светло истите пробале да го удрат со возилото Дурловски, према бул.Илинден и на ул.Аминта Трети свртеле десно кон Градскиот стадион. Пријавителот укажа дека бил цел на вербален напад, закани и загрозување на неговата лична сигурност и спречување на слободното движење“, соопштиле од МВР за „Република“.

Коментари

Популарно