(Фото) Вељко два месеци нема да може да ги види сопругата и детето

Кога Вељко Ражнатовиќ откри дека е позитивен на коронавирусот, тој веднаш ги спакува куферите и се раздели од сопругата Богдана и неодамна родениот син Жељко.

Тој и неговата мајка Цеца Ражнатовиќ, исто така позитивни на вирусот, се изолираа во семејниот дом на Дедиње и веднаш откако дознаа дека младиот боксер е негативен, тој се врати кај синот и сопругата Богдана.

Вељко сега на Инстаграм објави дека се вратил на своите спортски обврски и го фотографирал погледот од „кампот“ каде ќе ги помине наредните осум недели. „Мојот дом наредните осум недели. Боксерски живот“, напиша тој ставајќи до знаење дека професијата не смее да трпи.

Коментари

Популарно