(Фото) Вељко два месеци нема да може да ги види сопругата и детето

Кога Вељко Ражнатовиќ откри дека е позитивен на коронавирусот, тој веднаш ги спакува куферите и се раздели од сопругата Богдана и неодамна родениот син Жељко.

Тој и неговата мајка Цеца Ражнатовиќ, исто така позитивни на вирусот, се изолираа во семејниот дом на Дедиње и веднаш откако дознаа дека младиот боксер е негативен, тој се врати кај синот и сопругата Богдана.

Вељко сега на Инстаграм објави дека се вратил на своите спортски обврски и го фотографирал погледот од „кампот“ каде ќе ги помине наредните осум недели. „Мојот дом наредните осум недели. Боксерски живот“, напиша тој ставајќи до знаење дека професијата не смее да трпи.

(Фото) Ѕирнете зад камерите на „Преспав“

Македонска ТВ серија „Преспав“  која и овој пат ги руши сите рекорди на гледаност се емитува секој работен ден и успева да го задржи вниманието на македонската публика.

Секој лик на посебен начин ја доловува атмосферата во пансионот, а сега Васил Зафирчев кој е во улога на готвачот Марио, сподели неколку фотографии и покажа како изгледаше зад камерите за време на снимањето на новогодишното издание.

(Фото) Елена Петреска: „Ја видов реалната слика за тоа што значи оваа пандемија“

Поради вирусот Ковид 19, кој ја стресе целата земја, многу од пејачите немаат никакви работни ангажмани,а времето го користат за создавање убави моменти со своите семејства.

Она што сите го знаеме е дека вирусот предизвикува и тешка клиничка слика, па дури и смрт. Симптомите се кашлање, губење на чувството за мирис и вкус, висока температура и воспаление на белите дробови. Луѓето со потешка клиничка слика завршуваат во болница. Таков случај била и македонската пејачка Еелена Петреска која на својот Фејсбук профил објави дека 14 дена лежела на инфективната клиника во Скопје.

„„Конечно дома по 14 дена на инфективна поради Ковид-19. Благодарам на Бога што се добро спомна!  Благодарна сум што ги гушкам моите најмили! Се чувствувам како повторно да сум се родила! Најискрено од срце му се заблагодарувам на целиот медицински персонал од Клиниката за инфективни болести, тие се мои херои за кои имам многу да раскажам, бидејќи ако ништо друго, барем тоа им го должам, да знаат сите тоа значи нивната посветеност и пожртвуваност во овие тешки времиња!  Сакам да ви кажам дека ја видов реалната слика за тоа што значи оваа пандемија, која во целост  ќе ви ја пренесам деновиве преку видео, во кое ќе раскажам за ова мое искуство со надеж дека ќе допре онаму каде што е потребно“ – напиша Елена во пораката по враќањето дома на својот Фејсбук профил.

(Фото) Огнен Здравковски: „Денес ќе полнеше 54 години, премногу фалиш“

Пејачот Огнен Здравковски, внука на виолинистот, маестро Зоран Џорлев, кој почина на 1. јануари како последица од коронавирусот, се огласи на Фејсбук и напиша емотивен статус за да му оддаде почит на денот кога Џорлев требаше да го слави 54. роденден.

„Денес требаше да биде твојот ден, требаше да го славиме твојот 54. роденден. Помина само една недела, а и сам не сум свесен колку премногу фалиш, а и тек допрва колку ќе фалиш. Среќен роденден, мирно и со светол пат патувај кон вечноста и имај вечен спомен! Те сакам најмногу и засекогаш вујче мој!“, напиша Огнен во опис на нивната заедничка фотографија.

Популарно