Сопственик на ресторани се откажал од својата плата и им донирал 5 милиони долари на вработените

Сопственик и основач на ланецот за брза храна Texas Roadhouse,  Кент Тејлор се откажал од својата плата и од своите бонуси се со цел да им помогне на своите вработени во кризната ситуација.

Тој обезбедил маски, нараквици и заштита на очите за вработените во сите негови ресторани, од кои има скоро 600. Се откажа од својата годишна плата и бонус од 800.000 американски долари и плати дополнителни 5 милиони долари во фондот за итни случаи, кој го основал пред 18 години за да им помогне на своите вработени.

Неговата донација им помогна на сите вработени да ги задржат своите работни места и целосна плата за време на кризата.

“Јас бев израснат на тој начин. Го направив она што чувствував дека треба. Во моменти како овие, мора да бидете упорни, да размислувате поинаку, да се грижите за оние што се со вас, да им го кренете моралот на сите и да напредувате”, изјави Тилор за магазинот People. Тој, исто така, објасни зошто основал фонд за помош, пред 18 години.

„Го сторивме ова за да се грижиме за нашите луѓе кои можеби изгубиле некој близок и им требаат пари за вечен дом или да платат за операција. Луѓето повремено плаќале донации за да им помогнат на оние кои се во криза“, рече тој. .

Во последните месеци, Кент забележал дека фондот започнал да се празни, па решил да го преполни.

“Јас имам 64 години. Сметам дека сите под 55 години се деца. Кога имате 70.000 деца, сакате да се грижите за нив. Ги сметам за мое семејство и сакам да се грижам за моето семејство. Така ги гледам”, рече тој.

Тој потсети колку му било тешко во раните 90-ти кога само што започнал бизнисот и морал да се потпира на родителите со кои живеел за финансиска поддршка.

“Кога ви е тешко, ви останува во вашата глава. Многу луѓе мислат дека забораваат, но тоа секогаш останува во вашата глава. Подоцна во животот, сакате да му вратите нешто на општеството”, заклучил тој.

Коментари

Популарно