Богоевски за Апасиев: Гајле му е за името, само за политичкиот профит

Единствена причина зошто толку се пенавеше за работничките права во минатото е бидејќи тоа му беше политички профитабилно. Исто како што сега му се профитабилни името и измислената закана против македонската нација, вели во свјот пост на фејсбук поранешниот пратеник Павле Богоевски. Тој зборува за лидерот на Левица Димитар Апасиев тврдејќи дека сега „левото“ во Левица е заменето со „десно“.

„Левица сега нема никаква допирна точка со идеалот кој го претставуваа младите луѓе што ја оформија во жарот на протестите. Сега, левото е заменето со десно, "работникот" со "народот", активизмот е заменет со хонорарите, а од нивната мултиетничност остана само албанскиот превод на името на партијата во називот на нивната фб страна - како тажен спомен за идеалите кои требаше да ги претставуваат, пишува меѓудругото Богоевски.

Додава и дека според него Апасиев никогаш не бил левичар. 

„Никогаш не му било гајле за работничките права, освен кога тој лично не бил засегнат. Единствена причина зошто толку се пенавеше на овие теми во минатото е бидејќи тоа му беше политички профитабилно. Исто како што сега му се профитабилни името и измислената закана против македонската нација. А верувајте, гајле му е и за името, и за нацијата, а најмалку за работникот. Воопшто немаше да се замарам со него, доколку тој се' уште не се обидуваше да капитализира на сметка на Шарената револуција - на протестите кои не само што не ги поддржуваше вистински, туку и активно се обидуваше да ги подрие, напиша Богоевски.

Коментари

Популарно